Затворен за сообраќај патот Градско-Неготино
Сообраќајот на автопатот А, кај делницата од Градско до Неготино, денеска е во прекин поради снимање на францускиот филм „А фонд“. Патот ќе биде затворена до вечер во 18 часот, информира „Манифактура продукција“.
Утре снимањето ќе се одвива на делницата од „Mотел Mакедонија” до Градско од 5 до 18 часот и сообраќајот ќе се пренасочува од стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација.
Според Автомото сојузот на Македонија, се уште е во прекин локалниот пат село Ропаљце кон село Никуштак.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Ново на Сител
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори