Кере: Нема место за паника од нова финансиска криза по падот на берзите
Европската централна банка нема да ги покачи каматните стапки, уверува Беноа Кере, постојан член на Извршниот одбор на Европската централна банка.
На денешната прес-конференција во Скопје, Кере рече дека нема место за паника од нова финансиска криза по падот на берзите изминатиот период.
Тој посочи дека Европската централна банка ги одредува каматните стапки соодветно со условите во регионот посебно во еврозоната.
- Тие се различни од оние во САД и сакаме да се осигураме дека имаме соодветни финансиски услови во еврозоната кои се соодветни на економската ситуација. Имаме јасни политики во однос на деловниот циклус што се случува во еврозоната, за разлика од Америка и нема да ги покачиме каматните стапки пред следниот циклус, што значи дека тие ќе останат на истото ниво, нагласи Кере одговарајќи на новинарско прашање.
Во однос на последните потреси на берзите, Кере рече дека генерално последните две недели покажале дека глобалната економија и натаму е ризична и оти постојат ризици кои доаѓаат од различни места вклучувајќи ги и пазарите во развој.
- Ние сме фокусирани на еврозоната и на соседните земји вклучувајќи ја и Поранешната југословенска Република Македонија. Едноставно мора да создадеме такво финансиско опкружување каде ќе може цврсто да застанеме на нозе и да ги издржиме таквите шокови. Тоа се прави со силна економија во однос на хартиите од вредност, рече Кере.
Според него, Народната банка на Република Македонија добро ја поставила монетарната политика во земјата со што соодветно одговорила на шоковите од финансиската криза што измина.
Ново на Сител
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица
-
Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија
-
Зеленски: Русија се повеќе ја напаѓа украинската цивилна инфраструктура
-
31-годишник од Берово пријавил дека бил физички нападнат од едно лице во општина Аеродром во Скопје
-
75-годишен скопјанец пријавил дека неговите три внуки се оддалечиле од семејниот дом
-
Со трактор насилно влегол во шумски склад и оштетил возило, уапсен 43-годишник од струмичко
-
Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила