Вработените од цивилното воздухопловство на Македонија на обуки во Сингапур
Вработените од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија (АЦВ) ќе имаат можност да изведуваат обуки за воздухопловната безбедност, навигацијата, воздухопловното обезбедување, како и во другите области во воздухопловството во Воздухопловната академијата во Сингапур.
Ова пред два дена во Сингапур било договорено меѓу директорите на АЦВ и на Цивилните воздухопловни власти на Сингапур, Горан Јандреоски и Кевин Шум. Овој договор, според АЦВ, претставува потврда на посветеноста на Сингапур за меѓународен напредок на цивилното воздухопловство и поддршка на иницијативата на ИКАО „Ниту една земја не е изоставена“.
Цивилните воздухопловни власти на Сингапур, преку Воздухопловната академија, ќе подготвуваат и спроведуваат програми за обука како поддршка на развојот на воздухопловството во Македонија. Тоа, велат од АЦВ, ќе значи подобрување на квалитетот на знаење на вработените во АЦВ и стекнување на нови вештини и искуства од областа на воздухопловната безбедност, навигацијата, воздухопловното обезбедување, како и другите области кои се од исклучително значење за развојот на македонското цивилно воздухопловство.
Ново на Сител
-
Променливо облачно, со температура до 20 степени
-
Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица-Скоропослушница, од Света Гора ќе пристигне во манастирот во Побожје
-
Два одделни протеста во Кочани
-
„Вашингтон пост”: Американските преговарачи надминати од Русите во преговорите за Украина, велат аналитичари
-
Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот
-
Денвер загуби од Голден Стејт, Јокиќ постигна дабл-дабл
-
Рубио планира посета на Западен Балкан
-
Дисциплинскa постапка за двајцaта пoлициски службеници кои лажно тврделе дека возилото порше е службено