Ракомет
8. March 2025 - 9:36

ЕХФ недела: Македонија поразена од Србија

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз со 21-34 (11-20) од Србија во првиот контролен дуел во рамки на ЕХФ неделата. 

Србија водеше цела средба од почетокот до крајот и немаше поголеми проблеми со македонските ракометарки.

Најдобра кај Македонија беше Дамјаноска со шест гола, а кај Србија, Крпеж имаше седум реализации. 

Македонија и Србија ќе одиграат уште еден пријателски дуел во Бор, во сабота од 13:00 часот.