-->
-->
Младинките убедливи против Србија
-->
Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија постигна убедлива победа од 32-19 на првиот од двата контролни натпревари со соодветната репрезентација на Србија. Избраничките на селекторот Симе Симевски на полувремето водеа со 12-10, но направија серија и обезбедија висока победа.
Сара Ристевска со 9 голови и Симона Стојановска со 8 беа најефикасни на дуелот.
Двете репрезентации и утре (19:30 часот) ќе одиграа натпревар во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.
Овие дуели на двете селекции им служат за подготовка бидејќи и Македонија и Србија ќе учествуваат на ЕП за ракометарки до 19 години што ќе се одржи во Валенсија, Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
