Стејт департмент: Американските граѓани да не патуваат во Косово и БиХ поради зголемен ризик од тероризам
Американскиот Стејт департмент денес објави обновенo предупредување до американските граѓани кои патуваат во странство.
На интерактивна карта поместена на веб-сајтот на Стејт департментот, сите земји се поделени во четири категории. Нашите најблиски соседи како Косово и Босна и Херцеговина се ставени во втора категорија.
Во објаснувањето што го доби дописникот на МИА во Вашингтон, стои дека во земјите од втора категорија постои ризик од нарушена безбедносна ситуација и се препорачува особена внимателност и будност при патување овде.
Во предупредувањето за патување во Косово се советува особена внимателост поради зголемен ризик од можен тероризам.
-Во некои градови и села како Северна Митровица, Лепосавич, Зубин Поток и Звечан можни се граѓански немири, се вели во предупредувањето.
Понатаму, истакнато е дека терористички групи од Косово и Босна и Херцеговина подготвуваат можни напади во регионот на Балканот.
-Терористи можат да извршат напад без предупредување. Нивна цел се туристички локации, пазари и шопинг центри, локални владини установи, хотели, клубови, религиозни места, паркови или масовни спортски и културни настани, се вели во предупредувањето.
За Босна, покрај за тероризам, важи предупредување и за нагазни мини, и се наброени истите точки каде терористи би можеле да извршат напади.
Најзагрозени се земјите од трета и четврта категорија и се препорачува преиспитување на патувањето и избегнување да се патува поради сериозен ризик во однос на безбедноста во овие земји. Русија, на пример, е ставена во трета категорија. Патувања во регионот на северен Кавказ како во Чеченија и на планината Елбрус не се препорачани поради граѓански немири.
-Не патувајте на Крим поради странска окупација и злоупотреби од страна на окупантите, се вели во предупредувањето
Заменик помошникот на државниот секретар, Мишел Берние-Тот, на специјален брифинг за новинарите во Стејт департментот денес укажа дека дел од земјите од четврта категорија се и Авганистан, Централна Африканска Република, Ирак, Иран, Либија, Мали, Северна Кореја, Сомалија, Јужен Судан, Сирија и Јемен.
Во предупредувањето се прецизира дека условите во сите овие земји можат да се променат ненадејнао и на американските граѓани им се препорачува воопшто да не патуваат таму.
Македонија, како и нашите соседи Албанија, Србијa, Бугарија и Грција се ставени во прва категорија на земји каде условите за патување се нормални и ризикот по безбедноста е низок.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава