Македонија
7. January 2018 - 16:59

Што по расколот во БЕСА? - Кој ја води партијата?

Пратениците од БЕСА: Неџбедин Каремани, Африм Гаши и Реџеп Мемеди кои го предводат скопското крило по вчерашниот раскол на партијата засега ќе останат да дејствуваат како опозиција во парламентот, тврдат извори од партијата. Иако останатите двајца пратеници Фадил Зендели и Теута Биљали синоќа биле на состанокот на тетовското крило на БЕСА кое го предводи досегашниот претседател Билал Касими, неизвесно е дали тие ќе останат со него до крај и ќе се одделат од пратеничката група на партијата.

БЕСА досега беше опозициската партија. Ниту еден од пратеницивте денеска не беше достапен за коментар за тоа што се случува во партијата. Дејствувањето на пратеничката група на БЕСА може да се одрази и на распоредот на силите во Собранието. Изворите велат дека двете крила засега немале контакт ниту со партиите од власта ДУИ и СДСМ за некаков трансфер на пратенциите, ниту пак со Алијансата на Села или ВМРО-ДПМНЕ.

Конечната одлука за тоа како ќе дејствува политичката партија ќе биде донесена на партискиот конгрес во февруари.

Движењето БЕСА вчера се подели. Расколот настаната по два паралелни состаноци. На првиот состанок во Скопје беше разрешен Касими, а за в.д. беше поставен Каремани. Вториот состанок во Тетово  го предводел самиот Касими. Скопското крило тврди дека е носител на партијата бидејќи ги има печатите, а има и мнозинство од 67 од 106те члена на Централниот совет на партијата. Тетовското крило пак, тврди дека состанокот во Скопје е нелигитмен и дека тие се законски претставници на движењето.

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со пораки за расколот во БЕСА.

Мицковски повика и на поширок фронт на луѓе од јавната сфера кои би се сплотиле со нив во битката против власта на СДСМ.