-->
-->
МПЦ-ОА останува верна на Јулијанскиот календар
-->
И покрај многуте барања МПЦ-ОА да го празнува Божик според Грегоријанскиот календар, за да може верниците да го прослават Рождеството Хрисово пред Нова година, оттаму велат дека засега немаат намера да го напуштат стариот, односно Јулијанскиот календар. За каква било промена, треба да се одлучи соборно, односно сите православни цркви да одлучат да го променат календарот, вели отец Бобан Митевски.
- Празнувањето на Божик и кај нас е на 25 декември, но според стариот календар. По новиот календар, овој празник е на 7 јануари. Стариот и новиот календар се разлика 13 дена. Ако одземете 13 дена, излегува дека тие Божик го празнуваат на 12 декември, вели отец Бобан.
Тој објаснува дека постои одредено правило во Црквата, дека Велигден не смее да се падне во исто време со еврејската Пасха.
- За да го избегнат тој момент, оние кои го прифатија новиот календар, Велигден го празнуваат по стариот календар. Значи, се доведуваме до решението, сите празници да ги празнуваме по новиот календар, заради Нова Година и Божик, а Велигден да го празнуваме по стариот, што нема некоја логика, вели отец Бобан.
МПЦ, заедно со Руската, Српската,Полската, Грузиската православна црква, како и Ерусалимската патријаршија и манастирите на Света Гора, остануваат верни на Јулијанскиот календар. Православните верници, пак, во Бугарија, Грција и Романија го празнуваат Христовото раѓање по Грегоријанскиот календар, и Божик го прославуваат на 25 декември, исто како Римокатоличката црква.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела