Акцизата го поскапе дизелот
По последното зголемување на цената на дизелот оваа недела на 25 декември, од 1 јануари таа се зголемува за 3,5 денари поради воведувањето на повисоката акциза за нафтата.
Така новата цена на Еуродизелот на 1 јануари треба да изнесува 58,5 денари за литар.
Нова цена, пак, ќе има една недела потоа после божикните празници кога Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе нова редовна одлука за определување на највисоките цени на нафтените деривати.
- Препораките од ЕУ се дека овие акцизи треба да бидат 0,33 евроценти, а кај нас изнесуваше 0,20 евроцентри. Со зголемувањето ќе биде 0,26 евроценти, посочуваа од Владата при најавата за зголемувањето на акцизата на дизелот.
Оценуваа дека и со ова зголемување цената на еден литар нафта ќе остане најниска во регионот.
Причина за зголемување на акцизата, како што наведуваа од Владата е согласно препораките на Европската Унија, да се дестимулира употребата на дизел горивата за да се намали загaдувањето на животната средина.
Приходите што се планирани во Буџетот за 2018 година од зголемувањето на акцизата за три денари изнесуваат 1,6 милијарди денари и од ДДВ од продажба на дизелот за околу 350 милиони денари.
Ова за годинава се единствените даночни промени. Во 2019 година треба да следат промените за прогресивно оданочување кај персоналниот данок.
Парите од акцизата треба да се трошат за капитални проекти во образовнието, за детските градинки, библиотеки, рамномерен регионален развој, капитални инвестиции во општините, здравство и други сфери, а со цел да не се зголеми дополнително јавниот долг.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време