Живот
13. October 2015 - 14:06

Девојка (24) има огромна брада: Сакам се што имам на себе, а и женствена сум!

Харнам Каур има 24 години, но веќе од 10тата година таа морала да се соочи со загледување, навреди и потсмевање.
 
Всушност, нејзе од пубертетот поради силен синдром на полицистични јајници и се зголемил растот на влакна на телото, но и на лицето.
 
Во почетокот се криела со раката додека разговарала со некого, гиостранувала влакната со восок, ги бричела со крема. Но и покрај тоа што ова го правела секојдневно, немало ефект.
Имало периоди кога паѓала во големи депресии, па дури размислувала и за самоубиство, но на 16 години таа се прифатила себеси каква што е. 
 
Тогаш таа се крстила како Сиките, чија вера забранува бричење или остранување на влакната од телото.
 
Денес, Каур работи како асистентка, ученик е и волонтер во многу организации за прифаќање на различните и вели дека прифатила се на себе, па така и брадата како дел од својата убавина и женственост, пишува Дејли Меил.