Македонија
19. December 2017 - 16:45

Градската слава ,,Свети Никола‘‘ одбележана во Прилеп по 12. пат

Со света утринска празнична литургија во цркавата *Св.Благовештение*, како и со прережувањето на славскиот колач пред Параклисот во центарот на градот, посветен на светијата *Св.Никола*, Прилеп и прилепчани годинава, по 12-ти пат ја прославија Градската слава, патронот на градот - Св. Никола.

Традиционално, на Градскиот плоштад беше послужена и Светиниколската трпеза, чии кумови годинава беа, хотелите *Салида*.

Инаку, благодарение токму на овој празник, Прилеп и Македонија, во 2008-та, за прв пат влегоа во Гинисовата книга на рекорди со најголемата порција од уникатните и единствени посни сармички со големина на лешник, чиј број, тогаш, изнесуваше 80.191 сармиче. Оваа година беа направени 60 илјади сармички.