Нимиц: Решението на спорот за името ќе доведе до стабилизација на регионот
Следната година може да се најде решение на проблемот со името, изјави во Брисел медијаторот Матју Нимиц, по завршување на првиот круг од преговорите меѓу Атина и Скопје за надминување на спорот, соопшти грчкиот весник „Катимерини“.
Нимиц изјави дека бриселските разговори меѓу преговарачите Адамандиос Василакис и Васко Наумовски минале во „многу добра атмосфера“ и дека новата македонска Влада ова прашање го поставила како свој врвен приоритет и има намера да ги подобри односите со Грција.
Медијаторот, наведува „Катимерини“, исто така, кажал и дека оценката и на грчката страна е дека решавањето на спорот ќе доведе до стабилизација на регионот.
- Ние и во минатото имавме телефонски разговори, но за првпат ова прашање се разгледува толку сериозно, изјави Матју Нимиц.
По три години застој, разговорите за надминување на проблемот со името на Македонија сега добиваат нова динамика, откако Нимиц изјави дека во текот на следните месеци средбите ќе станат уште поинтензивни и во рамки на оваа процедура предвидени се средби со преговарачите во јануари, февруари и март, во Њујорк, иако можно е да се оддржат и на европска територија.
- Средбата во Брисел покажа дека треба да преземеме интензивни напори за да го решиме ова прашање, дополни Нимиц.
Тој објасни дека на оваа прва средба бил направен обид да се определат темите. На неа, тој не дал свој предлог.
- Им помогнав на двете страни. Тие ги изложија своите позиции, а јас ги слушнав и сакав да ги разберам нивните позиции, кажа уште медијаторот, без да спомене дали предлозите соддржеле некаква двојна формула или не, посочува „Катимерини".
Според весникот, Нимиц појаснил, дека процедурата нема фиксен краен рок.
- Нема магично име, кое ќе го реши проблемот, објаснил Нимиц.
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година