ЕК соопшти дека е постигнат „доволен напредок“ во првиот дел од преговорите со Лондон
Европската комисија утрово соопшти дека е постигнат доволен напредок во првиот дел од преговорите за повлекувањето на Велика Британија од ЕУ.
Комисијата му препорача на Европскиот совет да го усвои истиот заклучок. Дали таа препорака ќе биде земена предвид, државните и владините раководства на ЕУ ќе оценат следниот петок. Ако Европскиот совет изрази исто мислење со ЕК, ќе се одлучи преговорите да преминат кон разгледување на идните односи со Лондон.
Комисијата прецизира дека нејзината оценка се заснова на заеднички извештај кој е поддржан од британската премиерка Тереза Меј на средба со претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер. Комисијата е задоволна од постигнувањето на доволен напредок по прашањето за правата на граѓаните, финансиските обврски на Лондон и границата меѓу Ирска и Северна Ирска.
Јункер изјави дека постигнатиот договор е „праведен“, но треба да биде одобрен од државите во Унијата. Според него, Комисијата е подготвена веднаш да ги почне преговорите во вториот дел.
ЕК истакнува дека преговорите со Лондон треба да завршат до следната есен. Договорените резултати треба да бидат одобрени од Европскиот Парламент.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга