Саем за волонтерство и активно граѓанство
Третиот саем за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје денеска ќе се одржи во Младинскиот културен центар. Годинава мотото е „Активно граѓанство = подобро општество“.
Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5 Декември, Меѓународниот ден на волонтерството. Овој саем е во организација на здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје“, а финансиски е поддржан од Град Скопје.
На саемот се предвидени три тематски трибини, а презентации ќе имаат здруженија на граѓани и фондации кои се регистрирани на територија на Скопје, но и оние кои не се регистрирани во главниот град, но дел од своите активности ги спроведуваат во корист на скопјани.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола