Во Струмица модна ревија „Убави сме, свои сме“ по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби

Сопругата на премиерот на Република Македонија, Зорица Заева, градоначалниците на Струмица и Валандово, Коста Јаневски и Перо Костадинов, пратеници, советници, естрадни ѕвезди и медиусмки личности и активисти ги фатија за рака децата со посебни потреби од Струмица и заедно продефилираа на модната писта како дел од ревијата „Убави сме, свои сме“.
Од Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“, велат дека се презадоволни од настанот кој наишол на голем интерес кај струмичани.
- Нашата цел беше да оствариме нечиј сон, да покажеме дека сите сме исти под ова небо и дека децата со посебни потреби можат и умеат со нашата поддршка. Им благодарам на сите кои помогнаа. Првичните импресии се многу позитивни и веќе бараат оваа ревија да стане традиционална, рече Анче Туфекчиева од здружението „Вера“.
Меѓу учесниците на ревијата беше и естрадната пејачка Ленче Кукич, која истакна дека на овие деца треба да се мисли преку цела година.
- Мојот апел е дека сите ние треба да мислиме на овие деца преку целата година, а не само денес на 3 декември за секојдневно да ја имаат оваа среќа на нивните лица. Упатувам апел до сите во општеството да бидат блиски и да им помагаат на лицата на кои најмногу им треба, истакна таа.
Во ревијата се вклучи и естрадниот уметник Благица Калева.
- Јас му помогнав на Дејан Атанасов од Мокрино. Сакам се повеќе и повеќе да им помагаме на овие лица, да им даваме поддршка на децата и да бидеме се похумани, рече Калева.
Ревијата заврши со музичкиот избор на диџеј Јас сум Цако.
Учесниците на ревијата беа облечени во модели на струмичките бутици. Парите собрани од влезницата што чинеше 50 денари ќе бидат наменети за поддршка на Здружението за лица со Даунов синдром „Вера“.
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
