Јеремиќ бара истрага за поврзаноста на поранешни македонски функционери со приватизацијата на „14 Октомври“ од Крушевац
Поранешниот српски министер за надворешни работи и лидер на опозициската Народна партија, Вук Јеремиќ денеска ги повика истражните органи во Србија да ги испитаат врските меѓу поранешната македонска Влада и директорот на фирмата СЦМГ, што ја купи фабриката „14 Октомври“ од Крушевац.
Јеремиќ во изјава за белградската „ТВ Наша“ наведе дека не се точни тврдењата на владејачката Српската напредна партија (СНС) дека е најден стратешки партнер за „14 Октомври“, што беше во стечај од јануари 2016 година кога компанијата беше проценета на околу 48 милиони евра, туку дека чешката компанија „Чехословак груп“ во октомври годинава преку белградската фирма СЦМГ ја купила само централата на фирмата во Крушевац за четири милиони евра, и тоа со директен договор, без јавна лицитација.
- Само е зграбен имотот, а отпуштените работници не се вратени на работа, нагласи Јеремиќ.
Тој посочи дека според српските закони, дирекните договори за купопродажба се дозволени само во „специјални случаи“, а „специјално во овој случај е тоа што годинава во Македонија е соборен диктаторскиот и длабоко корумпираниот режим на Никола Груевски, политичкиот брат близнак на српскиот претседател Александар Вучиќ“.
- Тие се луѓе од тој режим, а пред сите е Сашо Мијалков, поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање и „десната рака“ на Груевски, кои почнаа панично да извлекуваат пари стекнати со коруптивни активности во Македонија и да ги пласираат во разни шеми, преку даночните оази, Холандија, а во случајот со „14 Октомври“, преку Чешка, нагласи Јеремиќ.
Тој наведе дека во Македонија се ближи крајот на истрагата за Мијалков и другите лидери од поранешните македонски власти и ги повика српските истражни органи да го испитаат и случајот за „14 Октомври“.
Како „иновативен пример за излекување пари од државни средства со елементи на стечај“, Јеремиќ го наведе префрлувањето на средства од белградско училиште, преку фирмата „Контики“ за потребите на спортски клуб близок до еден сегашен српски министер.
Јеремиќ го повика тој српски министер да поднесе остаква, а истражни органи да го испитаат целиот случај.
Поранешниот шеф на српската дипломатија потенцираше дека имаа копии од договорите меѓу „Контики“ и белградското училиште и „Контики“ и спортскиот клуб.
Во однос на претстојните локални избори во Белград, Јеремиќ ги повика сите опозициски партии да се здружат „за да го турнат сегашниот српски режим“.
Ново на Сител
-
Акција за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош
-
Авион принудно слетал на Бермудите поради свињи и нивната миризба
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Шапка
-
Фон дер Лајен на средба во Анкара со Ердоган
-
Кошаркарот Јанис Тима пронајден мртов во Москва
-
Мицкоски: Даваме 25 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“, се делат финансии за општини со мнозинско албанско население и други проекти
-
Седница на УО на Коморскиот инвестициски форум за клучните приоритети во 2025 година
-
Во Белград пронајдено исчезнато дете откако бил активиран системот „Пронајди ме“