Бизнис
1. December 2017 - 16:24

Поскапа вода за речиси цела држава - во Скопје цената не се менува

Водата поскапува во поголем дел од општините, во Скопје цената ќе  остане непроменета. Според пресметките на регулаторна поскапување треба да има во Битола, Струмица, Куманово, Охрид , Струга,  Пробиштип, Радовиш, Велес , Ресон, Неготино и Свети Николе. Намалување пак ќе  има во Берово, Виницва, Кочани, Гевгелија, Кичево, Гостивар,Тетово, Дебар и Кавадарци.

Регулаторната Комисија за енергетика  доби овластување  да биде надлежна за утврдување на цената на водата. Комисијата веќе го изготви тарифникот  со предлог на  мнимална и максимална цена. Но крајниот збор за износот ќе го  имаат советите во општрините.

Утврден е  тарифник  за водата за следните три години за  општините со над 10 илјади жители. За останатите тарифникот ќе биде изготвен во 2019 година.

За седум претпријатија одлуката за цената на водата ќе ја носи Владата.