Бошковиќ: Црна Гора најголем промотор на Македонија за НАТО
Црна Гора ќе биде најголем промотор на македонските интереси во евроатлантскиот процес, порача денеска министерот за одбрана на Црна Гора Предраг Бошковиќ, по средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Бошковиќ, кој е во официјална посета на Македонија, рече дека двете држави имаат длабоки пријателски врски и дека наследството од заедничкката држава може да биде одлична платформа за градење на идните односи.
- Не само поради тоа што Македонија ни е драга земја, туку и затоа што тоа е во голем интерес на Црна Гора, бидејќи само со стабилен и соединет регион може да биде добра основа за економски раст и развој на целиот регион, која е насушна потреба за сите граѓани, истакна Бошковиќ и нагласи дека искуството на Црна Гора за влезот во НАТО ќе биде од голема корист за Македонија.
Министерката Шекеринска рече дека Црна Гора побара членство во НАТО после Македонија, но и дека по сите потешкотии таа успеа во својата стратешка цел.
- Тоа е инспирација за сите нас и е доказ дека кога стратешката цел е навистина посакувана од сите, таа е достижна, истакна Шекеринска и нагласи дека Македонија е задоволна поради фактот што знае дека има уште еден сојозник за влезот во НАТО.
Македонија, додаде Шекеринска, минатиот период фокусот го стави кон членство во НАТО и ЕУ, и дека стратешка цел на Владата е да се обезбедат сите критериуми и услови за да може нашата држава да биде 30. членка на Алијансата.
На средбата министрите разговарале за соработка во одбраната и за, како што истакнаа, шансата за граѓаните на Црна Гора да добијат образование на Воената академија во Скопје, но и за обуката на македонските пилоти на хелихоптери во Црна Гора. Соговорниците разговарале и за можностите за соработка во наменската индустрија кои, според министрката Шекеринска, ќе бидат корисни не само за безбедносните сили на двете држави туку и за нашата индустрија.
Ново на Сител
-
29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
-
Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост
-
Кривична пријава против поранешен градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, куќен притвор за осомничениот
-
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија
-
Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера
-
Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија
-
ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците