-->
-->
Детроит подобар од Оклахома во дербито на ноќта на НБА лигата
-->
Екипата на Детроит славеше победа над Оклахома во дербито на вечерта во НБА лигата. Популарните „Пистонси“ на гостински терен ги совладаа „Тандерс“ минимално со 99-98.
Иако домашниот тим тричетвртини имаше постојано предност, а најголемата изнесуваше и 15 поени разлика, сепак гостите во последниот период влегоа со поен негатива. Завршните дванаесет минути се играше израмнето, а на крајот Оклахома имаше напад за победа, но обидот за три на Расел Вестбрук на секунда до крајот не ја погоди целта. Вестрбук средбата ја заврши со трипл-дабл од 27 поени и по 11 скокови и асистенции, но тоа не му помогна на неговиот тим да го избегне десетиот пораз. Во победата на Детроит шестмина играчи средбата ја завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу 17 имаше Андре Драмон, кој придодаде и 14 скокови.
Детроит со „скор“ од 12 победи и 6 порази е на второто место во Источната конференција зад Бостон (17-3), кој синоќа го совлада Орландо со 118:103, а најефикасен беше Кајри Ирвинг со 30 поени.
И минатогодишните финалисти, Голден Стејт и Кливленд остварија победи.
Шампионот Голден Стејт ја оствари 14-тата победа сезонава, откако убедливо со 143-97 го совлада Чикаго. Стеф Кари со 33 и Клеј Томпсон со 29 поени беа најефикасни во победничката екипа.
Леброн Џејмс со „трипл-дабл“ од 27 поени, 16 скока и 12 асистенции го предводеше Кливленд во тешко остварениот триумфот на домашен терен против Шарлот со 100:99. Поддршка за Џејмс беше Кевин Лав со „дабл-дабл“ од 11 поени и 13 скока. На другата страна Двај Хауард се истакна со 20 поени и 13 скока и влезе во листата на играчи со најмногу дефанзивни скокови во историјата на НБА лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројот на работниците во индустријата од јануари до август зголемен за 1.4 отсто
-
Од четврток дожд, грмежи и ветер
-
СДСМ: 100 дена изговори
-
ВО ЖИВО: Прес-конференција на премиерот Мицкоски
-
Токсини од стафилокока во бомбиците причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“
-
Трендафилов: Нечовечки е да се зема плата од 22.567 денари
-
Намален бројот на студенти, покажува истражувањето на ЦГК
-
Вработени на патарина „Романовце“ не наплаќале на полицaјци | ВИДЕО