И во македонскиот воздух регистирано присуство на рутениум но безопасно
Француската агенција за нуклеарна безбедност (ИРСН) на 10 ноември соопшти дека облак со нискo ниво на радиоактивност поминал над дел од Европа и Балканот, што предизвика вознемиреност кај европската јавност и стана една од главните вести во светските медиуми.
Според студијата на француската агенција, облакот, кој имал неконтролирано движење, го содржел радиоактивниот радионуклид Рутениум - 106.
ИРСН изрази уверување дека порастот на радиоактивноста во воздухот над Европа го предизвикал помал инцидент во една нуклеарна постројка во Русија или Казахстан. Се претпоставува дека „можна зона на емитување“ на радиоактивноста била меѓу реката Волга и планината Урал.
Лабараторијата за радиоекологија при Институтот за јавно здравје на Република Македонија за МИА соопшти дека во филтрите за собирање на аеросоли во периодот од 25 септември до 2 октомври годинава е детектирано присуство на Рутениум - 106 со концентрации од 5,77 mBq/m3 (мегабекарел на метар кубен - н.з.).
- Измерената вредност на идентификуваниот радиоизотоп не придонесува кон зголемување на дозата на изложеност на населението и не претставува опасност како по здравјето на луѓето, така и по живата околина, велат од Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија за МИА.
Во Македонија, изложеноста на населението на јонизирачко зрачење од радионуклиди кои се присутни во животната средина се проценува врз основа на резултати од мониторинг на животната средина (воздух, вода, седименти, почва, атмосферски талози, вода за пиење, храна, добиточна храна).
Испитувањето на изложеноста на населението од јонизирачко зрачење го врши Институтот за јавно здравје, согласно Правилникот за начинот и мерењето на изложеноста на населението, водење на евиденција и поднесување на извештаи. (Службен весник на Република Македонија бр.126 од 22.09.2010 и годишната програма на Владата на Република Македонија).
Различни информации од Русија
Кремљ вчера соопшти дека досега од ниту една институција не добил информации за некакви инциденти кои би предизвикале загадување со изотопот Рутениум - 106. Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков соопшти дека руската Влада е во постојан контакт со сите институции во земјата поврзани со таа сфера и од никого досега нема потврда за евентуални причини кои би предизвикале инциденти.
Руската државна нуклеарна компанија Росатом претходно информира дека на руска територија не е регистриран никаков инцидент или дефект на нуклеарните инсталации и покрај радиоактивното загадување со изотопот Рутениум - 106.
Високи руски претставници неколку дена пред тоа признаа дека на крајот од септември и почетокот на октомври е регистрирано радиоактивно загадување на делови од руската територија, со што ги потврдија информациите на неколку европски агенции за следење на радиоактивноста.
Руската метеоролошка служба Росгидромет соопшти дека сите мерни станици во Јужен Урал регистрирале зголемени концентрации на изотопот Еутениум - 106, а највисока концентрација била регистриарна во селото Аргајаш. Тоа е лоцирано на 30 километри од нуклеарниот комплекс Мајак кој настрада во 1957 година во една од најтешките нуклеарни несреќи во историјата и денеска служи како место за преработка на потрошеното нуклеарно гориво.
- Радиоизотопот Рутениум - 106 беше регистриран од мерните станици во Аргајаш и Новогорниј, меѓу 25 септември и 1 октомври, прецизира Росгидромет во извештајот за состојбата на животната средина на територијата на Руската Федерација во периодот од 6 до 13 октомври 2017 година. Се прецизира дека во Аргајаш е регистрирана крајно висока концентрација на Рутениум - 106, која за 986 пати ги надминува показателите регистрирани претходниот месец, наведе Росгидромет.
Во соопштението на Росгидромет уште стоеше дека кон крајот на септември и почетокот на октомври радиоактивни честички од Јужен Уран може паднеле во Европа како резултат на пренос на воздушните маси.
Македонија досега не била изложена на зголемена радиоактивност
Според извештаите што Дирекцијата за радијациона сигурност ги добива од редовните мерења од страна на Институтот за јавно здравје и информациите што ги добива од постоечките мрежи на Меѓународната агенција за атомска енергија, Република Македонија досега не била изложена на зголемена радиоактивност што би претставувала опасност за здравјето на луѓето и животната средина.
На прашањето на МИА, дали постои извор во Македонија или во околината на земјата кој би можел да предизвика радиоактивна загаденост во количество кое е штетно за луѓето или животните, од Дирекцијата за радијациона сигурност презицираат дека согласно Правилникот за категоризација на радијациони и нуклеарни закани постојат пет категории на закани.
- Бидејќи во Република Македонија не постои нуклеарна централа и истражувачки реактори, не постои закана од прва и втора категорија. Бидејќи во државата се користат радиоактивни извори во медицината и индустријат и со оглед на тоа што во соседсвото постојат нуклеарни централи, постојат закани од категорија три, четири и пет кои се значително помалку опасни и можат да предизвикаат помало присуство на радиоактивност во воздухот, почвата, храна и друго, нагласуваат претставници на Дирекцијата.
Во тој случај, по добиена информација се постапува согласно препораките во Планот за заштита на населението во случај на радијационен вонреден настан (објавени во Службен Весник на Република Македонија бр.84/2011) и во соработка со други Министерства и Институции се постапува согласно нивните препораки и се информира јавноста како во државата така и нашите државјани кои се наоѓаат во земјата каде што е предизвикана опасноста.
Јасмина Тасевска/МИА
Ново на Сител
-
Осомничениот за нападот во Магдебург дејствувал сам, соопшти полицијата
-
Рама: Тик Ток повеќе нема да постои во Република Албанија
-
Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“
-
Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов
-
Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника | ФОТО
-
Анкета на МКД.мк - убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот