Иран прoгласи победа на Асад во војната во Сирија

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Мухамад Али Џафари прогласи победа на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад во граѓанска војна во Сирија.
Зборувајќи на иранската државна телевизија, Џафари рече дека Иран ќе игра важна улога во натамошниот развој на настаните во Сирија.
Тој нагласи и дека не доаѓа предвид разоружување на либанската проиранската шиитска Божја партија (Хезболах), која е главен сојузник на Асад во војната во Сирија.
Џафари воедно додаде дека милитантната група Хезболах мора да биде засилена и опремена со најмодерно оружје за да може да се бори против Израел.
Саудиска Арабија и другите сунитски држави во регионот, како и САД, стравуваат дека Иран го шири своето влијание врз шиитските делови на Ирак и Сирија, како и во Либан, со што Иранците добиваат влијание во огромен дел од Блискиот Исток, излез на Средоземно Море, а преку шиитските групи во Јемен, вршат притисок и врз стратегиски важниот морски теснец Баб ел Мандеб.
Ријад изврши притисок врз либанскиот премиер Саад Харири да поднесе оставка, обвинувајќи го дека не се ангажирал доволно да се контролира влијанието на Хезболах во Либан.
Франција, која е поранешен колонијален владетел на Либан, го повика Иран да не се однесува толку агресивно во малата етнички и верски мешана држава, но според Џафари, овие повици се должат на младоста и неискуството на францускиот претседател Емануел Макрон.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
