Федерацијата на фармери одбележува 15 години постоење
Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) денеска го одбележува јубилејот, 15 години постоење.
ФФРМ е основана во Кавадарци, каде се одржа и првото конститутивно собрание во јули 2002 година. Прво беше наречена Федерација на македонските фармери (ФМФ) и со неа раководеше претседателот Петко Златев.
Како структурен модел во 2004 година го зема примерот на шведските фармери и нивното организирање преку склучување договор за соработка со Шведската федерација на фармерите (ЛРФ).
Шведската агенција за развој (Sida) го препозна значењето на формирање ваква организација и заедно со ЛРФ во последните 10 години силно ја поддржува во исполнувањето на нејзината мисија и визија, како финансиски, така и со техничка поддршка, а најмногу преку размена на искуства.
Соработката продолжува преку Шведскиот кооперативн центар We Effect каде изминатите три години се работеше на голем број теренски посети, активности за обединување, едуцирање и лобирање за земјоделците, со посебен фокус на малите земјоделци, јакнење и развој на земјоделските кооперативи и економско јакнење, како и поголемо вклучување на жените фармери во одлучувачките структури на организацијата и креирањето на земјоделскта политика. Со оваа подршка првпат е истакнат и проблемот со руралната сиромаштија во РМ.
Ново на Сител
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција
-
Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред
-
На првиот ден од мај променливо облачно и топло, попладне локален дожд