Македонија
10. November 2017 - 8:25

Конференција за системски решенија за ретки болести

Прва Еуроплан конференција во Македонија на тема „Системски решенија за ретки болести“, ќе се одржи денеска во Скопје.

На конференцијата, информираат организаторите, ќе се споделат добри примери и искуства во областа на ретки болести од Европа и регионот, како поттик за дискусии и идентификување на можности за унапредување на состојбата во Македонија.

Целта на конференцијата е преку дискусија за можните решенија да се укаже на неопходноста од обезбедување сигурна иднина и квалитетен живот за пациентите и семејствата кои се соочуваат со ретки болести во Македонија.