Македонија
1. November 2017 - 8:23

Кратки инспиративни приказни за образование и писменост

Кратки инспиративни приказни за образование и писменост, со публиката ќе ги споделат еминентни практичари, родители и ученици во рамки на второто издание на “Speech4Teach - инспирација за едукација”, што ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на проект на УСАИД „Со читање до лидерство“.

Пред овој дел од настанот, ќе биде отворена изложба на постери и портфолија на наставници.

Овој настан, меѓу другото, има за цел да го прослави „Месецот на книгата“ кој традиционално се одбележува низ повеќе училишта и библиотеки во Македонија.