Осудена е на живот меѓу четири ѕида: Цело село се плаши од ова малечко девојче
Афсин Кумбар (9) од Пакистан е осудена на несреќен живот, зошто поради реткото нарушување од кое боледува, мештаните од селото во кое живее, не сакаат да ја видат. Афсин има проблеми со мускулите поради кои не може да ја исправи главата.
Поради нарушувањето таа не може да оди, седи, јаде и да користи тоалет.
Девојчето при раѓањето изгледало како и секое просечно бебе, а проблемите почнале да се јавуаат кога имала 8 месеци.
-Кога имаше 8 месеци, падна додека играше во дворот и го повреди вратот. Не реагиравме веднаш, бидејќи немавме пари за лекар, а локалниот исцелител ни рече дека се ќе биде во ред. Но состојбата не и се поправи, напротив - како расте состојбата и е се покомплицирана. велат родителите.
Девојчето за да направи и најмало движење и е потребна помош од другие, а целото село од страв ја избегнува.
Децата се преплашуваат кога ќе ја видат, а постарите веруваат дека нејзиниот изглед е последица на „грев“.
Поради сето тоа малечката Афсинг не оди во училиште, а единствено друштво и се нејзините браќа и сестри.
Бројни лекари се обидувале да му помогнат на девојчето но без успех. Бидејќи нејзиното семејство е сиромашно, не можеле да си дозволат девојчето да го прегледаат странски лекари.
-Тешко ми е секој ден да го гледма моето дете како страда, а ниту еден лекар не знае за што се работи, За подобри леакри сега немаме пари, рече нејзиниот татко.
Постариот брат на Афсин се надева дека ќе успее да заработи пари со кои ќе и овозможи на сестрата да оди да се прегледа кај специјалисти.
Ново на Сител
-
Жена од Гостивар починала во Струга
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО
-
Димитриеска Кочоска: Немав намера да навредам никого
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово
-
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир
-
ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон, исповедникот на Путин