Македонија
21. October 2017 - 19:37

Прилеп по втор пат домаќин на македонското “Џип Рели Трофи”, кое има меѓународен карактер

Прилеп, овој викенд, по втор пат е домаќин на Меѓународното “Џип рели трофи”, во организација на Клубот за екстремни спортови  “Оф роад Прилеп”.

На релито учествуваат над педесетина возачи на џипови од повеќе земји, кои денеска се фокусираа на првата трка која се возеше во повеќе специјали на различни локации со кои изобилува околината на Прилеп.

Ова рели започна да се организира минатата година, на Спортската арена во Ново Лагово, која беше изградена пред неколку години, токму за вакви екстремни спортови.

Патеката на која  се вози релито е долга 30 километри по специфичен терен, при што возачите треба посебно да внимаваат на мапата која ја носат со себе, како безбедно би стигнале до целта. Во текот на утрешниот ден, пак ќе се вози на полигонот од Спортската арена “Лагово”. Македонското трофи е единствено во земјава како натпреварување од ваков карактер и претставува одлична промоција на Македонија во пошироки рамки.