Банер за спас на Националниот парк Маврово
Еколошкото здружение ФРОНТ 21/42 денеска на кејот на реката Вардар кај споменикот Јустинијан I во Скопје ќе испратат порака до носителите на одлуки преку изработка на банер за спас на националниот парк „Маврово“.
Според нив, на националниот парк му се заканува уништување на природни богатства со изградба на 15 хидроелектрани долж на територијата на НП „Маврово“.
- Во моментов одобренија се издадени за четири централи на реките Жировничка, Рибничка и Јадовска. Уништувањето на водите во националниот парк кои ја одржуваат флората и фауната ќе значи нивно трајно губење, велат од ФРОНТ 21/24.
Банерот заедно со протесно писмо за стопирање на проектите за хидроелектрични централи во националниот парк „Маврово“ истиот ден ќе биде доставен до Владата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата