Македонија
20. October 2017 - 8:47

Банер за спас на Националниот парк Маврово

Еколошкото здружение ФРОНТ 21/42 денеска на кејот на реката Вардар кај споменикот Јустинијан I во Скопје ќе испратат порака до носителите на одлуки преку изработка на банер за спас на националниот парк „Маврово“.

Според нив, на националниот парк му се заканува уништување на  природни богатства со изградба на 15 хидроелектрани долж на територијата на НП „Маврово“.

- Во моментов одобренија се издадени за четири централи на реките Жировничка, Рибничка и Јадовска. Уништувањето на водите во националниот парк кои ја одржуваат флората и фауната ќе значи нивно трајно губење, велат од ФРОНТ 21/24.

Банерот заедно со протесно писмо за стопирање на проектите за хидроелектрични централи во националниот парк „Маврово“ истиот ден ќе биде доставен до Владата.