Пучдемон: Каталонија веќе победи во битката за суверенитетот
Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон го заврши предизборнииот митинг со зборовите дека утрешниот референдум ќе им обезбеди на граѓаните од овој шпански регион „право да бидат слушати и признати на глобално ниво."
Тој на поддржувачите на референдумот во Барселона им рече дека гласањето значи оти Каталонците ќе продолжат понатаму со „суверенитетот и достоинството кои се обидоа да ни ги земат".
Според него, Каталонците веќе ја победиле авторитарната влада која не сакала да дојде до оваа точка.
- Ние веќе победивме, ги надминавме стравот, лагите и заканите, го надминавме притисокот на државата, која не сакаше да стигнеме толку далеку, рече Пучдемон.
Каталонската владејачка коалиција вети дека ќе прогласи независност во рок од 48 часа ако на гласањето победи одговорот „да".
Шпанскиот Уставен суд нареди откажување на референдумот.
Регионалната полиција на Каталонија доби наредба да ги затвори гласачките места утре до шест часот наутро, со цел да се спречи одржувањето на планираниот референдум за независност од Шпанија.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп