Времето со нови изненадувања
Во Македонија денес по свежото утро со утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени, во текот на денот ќе биде претежно облачно, ветровито и свежо време. Во крајните северозападни и југозападни предели со услови за слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб североисточен ветер, а во источните и југоисточните предели слаб југоисточен ветер. Максималните дневни температури повторно ќе останат под повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе се движат во интервал од 11 до 22 степени.
Во Скопје денес ќе преовладува претежно облачно и свежо време. Ќе дува доумерен североисточен ветер. Утринската температура од 13 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 19 степени.
Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и свежо време. Во попладневните часови намалување на облачноста. Минималните температури од 4 до 13 степени, а максималните дневни од 11 до 22 степени.
Во недела и понеделник по студеното утро со утрински температури кои од 2 до 11 односно од 3 до 12 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и малку потопло време со максимални температури кои што ќе се движат во интервал од 13 до 24 односно од 15 до 26 степени. Претежно сончево и потопло време со Македонија не очекува и во вторник кога ќе имаме и благ пораст на температурите.
Минималните температури од 4 до 13 степени, додека пак дневните од 16 до 27 степени.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна дневница или никој
-
Мао: Кина нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка
-
Папата Франциск ја отвори „светата врата“ во затвор на периферија на Рим
-
Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа
-
Раст на БДП над 4 отсто во следните четири години, целосна реализација на капиталните инвестиции и рационализација на буџетските расходи, бара бизнисот
-
Студентски протести во Нови Сад: Властите треба да се плашат од народот, а не обратно