Македонија
29. September 2017 - 12:45

Млад работник падна од скеле, почина во болницата во Гевгелија

Вчера околу 16.45 часот во Гевгелија при изведување на градежни работи на куќа сопственост на А.Д., од скеле паднал С.У.(38) од с.Октиси-Струга, кој бил ангажиран преку фирмата „Мансард“ од Гевгелија. Од здобиените повреди, на пат кон Здравствен дом Гевгелија, С.У. починал.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гевгелија и државен инспектор за труд. 

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.