Македонија
25. September 2017 - 17:51

УХМР: Ќе врне цела недела, од четврток пониски температури

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 26 Гевгелија, 24 Струмица, 22 Д. Капија, Штип, 20 Виница, 19 Берово, 18 Битола, Прилеп, Скопје, 17 Тополчани, Кр. Паланка, 16 Ѓуриште, Охрид, Претор, 15 Тетово, 13 Пожаране, 10 Лазарополе, Маврово.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот: 9 Пожаране, 6 Лазарополе, 5 Тетово, 4 Претор, 3 Маврово, 1 Охрид, Кр. Паланка, Прилеп, помалку од 1 литар на квадратен метар во Тополчани и Виница.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Од рано изутрина беше претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Врнежите беа претежно во западните и северозападните делови од земјат. Доцна попладнево врнежите се на запад и на повеќе места на север. Преку денот дуваше слаб променлив ветер.

ВРЕМЕТО ВЕЧЕРВА И ПРЕКУ НОЌТА: Ќе се задржи умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд но во целина врнежите ќе се се послаби. Ветерот ќе слабее.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно со слаб повремен дожд во западните и особено во источните делови од земјата. Минималната температура од 6 до 14, а максималната од 16 до 24 степени. Во Скопје променливо облачно со услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер. Температурата ќе е во интервал од 12 до 22 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До петок ќе преовладува променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд. Од среда кон четврток врнежите ќе се почести на југот и најинтензивни на југоистокот од земјата. Од четврток температурите ќе се повторно пониски за неколку степени. За време на викендот се очекува претежно стабилно и малку потопло време.