-->
-->
Полицаец мораше да го употреби пиштолот за да заштити деца од разбеснети питбули
-->
Разбеснети питбули нападнале случајни минувачи во еден од парковите на градот Топека. Како кучињата се нашле таму без сопственици или надзор медиумите не откриле, но сепак полицијата подоцна го открила сопственикот кој ќе мора да се појави на суд на 20 Октомври.
Една од жртвите е 11-годишно дете Кејлеб Дејвис кого кучињата го изгризале за главата и нозете, а тешки повреди заработиле и две момчиња на воздраст од 21 и 33 години.
Бројот на жртвите сигурно би бил поголем доколку не се појавиле полицајци, шинтери и пожарникари. По половина час надмудрување едното од кучињата е застрелано во предната нога поради преголемата опасност во која се нашо полицаецот.
Позитивни коментари во меѓувреме стигнале на сметка на полицаецот кој се погрижил да не го убие кучето, а дали кучињата биле злоупотребувано, злоставувани или тренирани за борби ќе мора да се изјасни нивниот сопственик на суд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УХМР: Викендов постудено - дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините
-

Почнува европската воена мисија на Гренланд
-

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судски совет бидејќи има нов Закон
-

Министерот Муцунски и раководството на МАСИТ со заеднички активности за стимулирање на извозот и нови инвестиции
-

Бебе починало во болницата во Кавадарци
-

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки
-

Лишено од слобода лице од валандовско, управувал возило под дејство на алкохол
-

Прва медицинска евакуација од Вселената
