Свет
18. September 2017 - 8:23

Шпанските власти продолжуваат со напорите да го спречат референдумот во Каталонија

Шпанските власти продолжуваат со напорите да го запрат референдумот за независност на Каталонија, конфискувајќи пропагандни материјали додека главниот обвинител не ја исклучи можноста политичкиот лидер на регионот да биде уапсен.

Во акција во реонот на Барселона синоќа полицијата заплени околу 1,3 ливчиња предизборен материјал од каталонските власти. Тоа е најголема таква акција, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Претходно, шпанското Обвинителство соопшти дека службеници, кои ќе учествуваат во каква било подготовка за референдумот, може да бидат обвинети за злоупотреба на службена должност и државни средства.

Главниот обвинител на Шпанија, Хосе Мануел Маса изјави дека не исклучува можност за апсење на регионалниот премиер Карлес Пучдемон „при определени услови“.  

И покрај тоа, над 700 каталонски градоначалници се собраа во саботата во Барселона за да дадат поддршка за референдумот.