СДСМ и партиите во коалицијата потпишаа Договор за настап на локалните избори
Дваесет и две политички партии кои се во коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва во седиштто на СДСМ потпишаа Договор за настап на локалните избори.
Во коалицијата се: СДСМ, Нова социјалдемократска партија, Либерално-демократска партија, Демократски сојуз на Власите од Македонија, Нова алтернатива, Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија, Социјалдемократската унија, Либерална партија на Македонија, Демократски сојуз, Српска напредна странка во Македонија, Демократска обнова на Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите, политичката партија Достинство, Партија за економски промени, Алијанса за позитивна Македонија, Партија за европска иднина, Партија за движење на Турците во Македонија, Српска странка во Македонија, Демократска партија на Ромите, Обединета партија за еднаквост на Ромите, Обединети за Македонија и МОРО - Работничка партија.
Пред лидерите на партиите потписници на Договорот, претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека коалицијата која лани настапи заеднички на Парламентарните избори сега е проширена со уште партии кои, како што рече, решиле да ги поддржат промените што носат живот во Македонија.
- Коалицијата засега брои 22 политички партии. Сменета е политичката клима во државата, ослободени се граѓаните, се чувствува вербата во промените. Граѓаните од целото општество, од сите сфери ја имаат шансата да учествуваат во промените и го прават тоа. Затоа убеден сум оваа предизборна коалиција по промените на центрлано ниво ќе донесе промени и на локално ниво на локалните избори на 15 октомври и ќе донесе живот за сите граѓани во нашата заедничка ,преубава Република Македонија...Ова е заедничката цел што не обедини сите нас - леви, десни партии од центарот кои денеска го потпишавме Договорот за настап на локалните избори, истакна Заев на потпишувањето на Договорот.
Додаде дека настапуваат отворени и дека го слушнале гласот на граѓаните кои на последните парламентарни избори, како што рече, во огромно мнозинство избраа заедништво наспроти поделба.
- Доследни сме на транспретниот начин на работа што го избравме и затоа граѓаните на локалните избори точно ќе знаат за кого го даваат својот глас, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев.
На новинарско прашање Заев потврди дека нивни кандидат за градоначалник на Општина Центар ќе биде Саша Бодгановиќ, претседател на Општинската организација на СДСМ во Центар.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот