Македонија
13. September 2017 - 8:45

Македонија и БиХ ќе потпишат договор за признавање на возачките дозволи

Во Владата на Република Македонија денеска ќе се потпише договорот меѓу владите на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачки дозволи.

Во име на Владата на Република Македонија, договорот ќе го потпише министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а во име на Советот на министри на Босна и Херцеговина, министерот за комуникации и транспорт, Исмир Јуско.

На потпишувањето ќе биде присутен и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој претходно ќе оствари билатерална средба со министерот за комуникации и транспорт на БиХ, Исмир Јуско.