-->
-->
Девојката отишла кај него на првиот состанок - се олеснила, а потоа бледа влегла во собата...
-->

Дали некогаш сте помислиле - што би правеле доколку првиот состанок тргне лошо? Па, што и да ви се случи, не може да се спореди со ова!
Лијам Смит (24) е студент кој сакал да најде девојка преку Тиндер. И, нашол. Се било совршено таа вечер, додека не се вратиле кај него на „втора рунда“.
- Имавме прекрасна вечер, уживавме во јадењето... По вечерата, се вративме кај мене, отворивме вино и гледавме филм. Девојката мораше да оди до тоалет, од каде се врати бледа и испаничена, вели ова несреќно момче.
Всушност девојката која ја запознал преку Тиндер морала да изврши голема нужда, но работите излегле од контрола.

- Ми рече дека ја фатило паника, затоа што не можела да пушти вода во wc шолјата, па со тоалетната хартија го фатила изметот и го фрлила преку прозорецот.
Секако фрлањето измет преку прозорец не е баш пристојна работа.
- И реков дека ќе одиме надвор и ќе го собереме, а потоа закопаме изметот.
За жал, прозорецот не гледал кон улицата ниту кон дворот, туку бил затворен со уште еден прозор кој не се отварал.

Морал да побара помош од соседите, но кога се вратил неговата партнерка веќе висела од прозорецот.

Тој не можел да и помогне, па повикал пожарникари кои го скршиле стаклото од прозорецот за да ја извлечат.
Лијам вели дека не му е жал поради тоа што морале да го скршат прозорецот, но цената за него е повеќе од неговата месечна кирија.

Затоа овој студент се одлучил да собере пари преку страната „GoFundMe“ и успеал во тоа! Преку донации собрал дури пет пати повеќе пари, а остатокот го донирал за хуманитарни цели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
-

Облачно со локални врнежи од дожд
