-->
-->
Пронајден починат маж во хотелска соба
-->
Тело на мртов маж, вчера попладне било пронајдено во една од собите во хотел покрај магистралниот патен правец Гостивар-Кичево.
Од МВР информираат дека починатиот е А.Ф. (55) жител на тетовското село Одри, кој претходно бил пријавил како гостин на рецепцијата на хотелот. Од првичните сознанија на истрагата, смртта ја констатирала екипа на итната медицинска помош која била повикана. На телото на починатиот немало траги на насилство и најверојатно се работи за последица од здравствен проблем.
По пријавувањето, полициска екипа извршила увид на местото, а случајот го презел јавен обвинител. Телото на починатиот уште синоќа дадено е на обдукција по што ќе се знаат причините кои довеле до трагичниот настан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче
-
Прегазена 72-годишна жена во Прилеп
-
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет