-->
-->
Пратеничката група на СДСМ ќе ги поднесе законите за минимална плата, за стечајците и укинување на радиодифузната такса
-->
Пратеничката група на СДСМ пред почетокот на собраниските седници, што треба да се одржат следната недела ќе поднесе пакет закони што ги опфата предлог-законите за минимална плата, за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, како и регулативата за укинување на радиодифузната такса.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев рече дека за овие закони поддршка побарал и од опозицските ВМРО-ДПМНЕ и Беса. - Вчера и денека побарав поддршка за овие закони од сите пратенички групи. Очекувам овој пат, интересот на граѓаните да биде пред партискиот интерес, изјави Тунтев.
Тој додаде дека законите се поднесуваат по скратена постапка откако се обезбедени средства со донесениот ребаланс на Буџетот.
Со законот за минималната плата ќе се усогласи миналната плата на вработените во текстилната и индустријата за поизводство на кожа, како и покачување на минималната плата на 12.000 денари нето. Со т.н закон за стечајци ќе се овозможи материјално обезбедување на над 3.500 лица односно лица кои најмалку 15 години биле во работен однос во претпријатија во држана сопственост и кои на денот на стапување на сила на законот ќе бидат на возраст од 52 години за жени и 55 за мажи. Тие ќе стекнат право на паричен надомет во висина од 7.596 денари месечно. Укинувањето на радиодифузната такса, како и мерката за враќање на евтината дневна и викенд тарифа на струјата, според Тунтев, ќе го помогне домашниот буџет кај сите граѓани.
Со оглед на локалните избори Собранието, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, најверојатно ќе заседава најдоцна до 25 септември, и исклучително е важно работата на Парламентот во наредниот период да биде ефикасна и со конкретни резултати. Искуството со седницата за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлески, според Тунтев, говори дека се можни нови блокади.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва