Сложувалка на стравот: Убил жена, деловите од телото ги сокрил низ градот
Страшен случај ја потресе Германија. Марија А. исчезнала на 1 август во Хамбург. Таа била брутално убиена, долниот дел од нејзиното тело го пронашле на трети август на брегот на реката Елба. Ден покасно и ја нашле и раката…
Марија А. која била нарекувана Роса убиена е во Хамбург. Таа имала 48 години и работела како проститутка. Убиевот ја распарчил и деловите од нејзиното тело ги сокрил по целиот град. Полицијата скоро секој ден наоѓа по некој дел од телото.
Долниот дел од телото и горниот дел од едната нога ја нашле на 3 август на брегот на Елба. Торзото е пронајдено во каналот.
Во вторникот попладне во друг канал пронајден е уште дел од телото, наводно раката. Долниот дел од едната го нашол минувач во вчера попладне во вода. Последниот дел е телото е пронајден денеска во канал помеѓу два моста.
Хелмут Кари, 75 годишен психолог, вели дека во овој случај би можело да се работи за типа на злосторство.
- Или станува збор за екстремно брутален убиец кој со распарчувањето на телото и неговото сокривање сака да прикрие злосторството или станува збор за перверзен убиец за кого сечењето на телото преставува задоволство.
За мотивите за убиството го кажа следново.
-Можно е убиството да има сексуален аспект или убиецот генерално да мрази жени. Можно е жените, да кажеме неговата мајка во минатото да имала негативно влијание на него. Психологот тврди дека комплетно расечување на телото како во овој случај е ретко. Таков случај се појавува еднаш во пет години.
Експертите мисла дека убиецот има силна волја и очигледно силно емотивна мотивација. Веруваат дека телето е расечено со електрична пила, секира или нож за колење. Марија А. исчезнала на 1 август пишува Билд.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга