Loading Video...
Свет
22. July 2017 - 17:57

Шест мртви и десетици повредени во насилствата во Ерусалим

Шест лица се убиени, а десетици се повредени вчера во насилствата, во Ерусалим предизвикани од новите израелски безбедносни мерки .Тројца Израелци беа убиени со нож во еврејска населба во палестинската енклава Западен брег. Овој напад се случи неколку часа откако тројца Палестинци, од кои едно е 17-годишно момче.беа убиени во насилствата.  Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, нареди да се замрзнат сите официјални контакти со Израел, се додека не се повлечат новите мерки за безбедност, воведени од еврејската држава .