„Павел Шатев“ трибина: СЈО е политички инструмент директно под раководство на СДСМ
Сјо е политички инструмент под диркетно раководство на владеачката партија, обвинија денеска политичките експерти од панел дискусијата на институтот Павел Шатев.
На работата на СЈО реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека обвинителството на Јанева работи со единствена цел да и помогне на СДСМ да спроведе сценарио за разнебитување на државата.
СЈО е класичен политички егзекутор на сегашната опзиција – без соодветни докази води хајка против функционери на вмро-дпмне и неговата работа е помагање на владеачката партија да го спроведе сценариото за разнебитување на државата.. Ова е ставот на правните експерти кои денеска се обратија на панел дискусија организира од институтот Павел Шатев.
Од работата на СЈО единствена корист има партијата на власт, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата реагираше и на притисокот од специјалното обвинителство врз работата на судовите.
Според правните експерти, предметите кои ги води СЈО ќе паднат во судска постапка бидејќи се без докази и се исклучиво политички мотивирани.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар