Во тек жетвата на пченицата и јачменот во Дебарско
Во општините Дебар и Центар Жупа во тек е жетвата на пченицата и јачменот. Жетвата на пченицата почна деновиве, а на јаменот веќе пола е завршена.
- Кај пченицата забележани се просечни приноси од 2.800 килограми по единица хектар. Оваа култура е застапена на 145 хектари и до сега ожнеани се над десет проценти. Јачменот е засеан на 160 хектари и до сега ожнени се пола од површните, а просечниот принос е три тони по единица хектар, изјави Арбен Муладаури, раководител на дебарската Подрачна единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, која ја покрива и општина Центар Жупа.
Според него, во тек е и жетвата на ржта на 15 хектари.
Муладаури апелира до земјоделците да аплицираат на огласот за добивање субвенции. Во просек годишно од двете општини субвенции остваруваат по 850 земјоделци на кои им се исплатува вкупен износ од околу милион евра.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава