Естонија го презеде претседавањето со ЕУ
Естонија денеска од Малта го презеде претседавањето со Европската унија во следните шест месеци.
Естонија првично требаше де председава со ЕУ од јануари до јуни 2017 година, додека во втората половина од 2016-та претседавач со Унијата требаше да биде Велика Британија, но Лондон се откажа од претседавањето по одлуката за Брегзит.
Претседавањето на Естонија со Унијата ќе се одвива под мотото „Единство преку рамнотежа“.
- Веруваме дела во Европа постои широк консензус за да можеме да одговориме на сите предизвици и да ги искористиме сите можности што ни се нудат. Мораме да ја поттикнеме отвореноста на економијата и на општеството, а во исто време да обезбедиме заштита и сигурност, соопшти естонската Влада по повод преземањето на претседавањето со ЕУ.
Естонија најави дела нејзина улога ќе биде да „пронајде рамнотежа меѓу различните ставови, традиции и интереси во денешна Европа, со цел да се постигнат најдобри резултатите за европските граѓани“.
Во програмата за естонското претседавање со ЕУ како главни приоритети се наведени „отворена и иновативна европска економија, сигурна и заштитена Европа, дигитална Европа со слободен протик на информации и инклузивна и одржлива Европа“.
Како лидер во дигиталната технологија во Европа, Естонија во рамки на своето претседвање ќе ги промовира процесите на дигитализација во Унијата. За време на претседавањето со ЕУ, Естонија ќе организира 45 собири псоветени на теми од дигиталната технологија, а дигитализацијата ќе биде и една од клучните теми на Самитот на ЕУ предвиден за 29 септември во Талин.
Ново на Сител
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците