Со „Македонија вработува“ досега вработени над 6.300 лица

Преку проектот „Македонија вработува“ досега за нецели пет месеци се вработија 6.330 лица во 4.150 приватни македонски компании, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Преку проектот „Македонија вработува“, рече тој, од ден на ден се зголемува бројот на нови отворени работни места.
- Овој проект стана препознатлив кај приватните компании, меѓутоа и кај сите граѓани на нашата држава. Досега преку овој проект, односно за нецели пет месеци се вработија 6.330 лица, што е значителен успех. Тој значително влијае на намалување на невработеноста во нашата држава и на создавање нови работи места. Вкупно досега го искористија над 4.150 приватни македонски компании, односно ги искористија поволностите за ослободување од плаќање социјални придонеси во период од една па се до пет години во зависност од категоријата на невработеното лице кое што ќе го вработат, истакна министерот Спасов одговарајќи на новинарско прашање по посетата на градинката „Пролет“.
Напомена дека овој проект им помага на младите лица, односно досега се вработиле над 1.760 млади лица до 29 години и над 2.200 лица што се од 20 до 35 години.
- Проектот помага и на повозрасните, односно оние од 35 до 50 години од кои има вработено над 800 лица, но и на највозрасната категорија, односно над 50 години. Од оваа категорија вработени се над 1.280 лица. Ова е показател дека со овој проект им се помага и на помладите, меѓутоа и на повозрасните категории граѓани побрзо да го најдат своето работно место, а исто така и на македонските компании, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
