Македонија
26. јуни 2017 - 15:24

Се тресе Македонија, паника и вознемиреност во охридско, струшко и ресенско

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,  
на 26.6.2017 год., регистрира два земјотреса чии епицентри потекнуваат од охридското епицентрално подрачје.
 
Првиот земјотрес беше во 13 часот и 46 минути со Рихтерова локална магнитуда 3,3 и беше почувствуван во Охрид, Ресен и Струга со интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка Скала. Вториот беше во 13 часот и 51 минута со Рихтерова локална магнитуда 2,5 и интензитет од III степени споредистата скала во истото подрачје.