Македонија
22. јуни 2017 - 19:50

Пристигна првиот чартер од Полска

Првиот чартер лет со 220 полски туристи од Катовице пристигна утрово на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле. Од денеска па се до септември се очекуваат повеќе од пет илјади туристи за време на летната сезона дел од нив ќе пристигнат со 14 те чартер летови кои ќе оперираат еднаш неделно а дел со автобуси на секои десет дена .

Со воден мост ,традиционална македонска закуска и торта беа пречекани гостите кои ќе одмараат на брегот на Охридското езеро.

Следната дестинација од каде што се очекуваат полски туристи е од Варшава.

Покрај чартер летовите од Полска за време на летната сезона сообраќаат традиционалните со холандски туристи од Амстредам ,од Брисел потоа од Тел Авив сезонските Белград –Охрид како и редовните од Лондон,Базел и Цирих.