Почна кампањата за заштита на шумите од пожари

Зголемување на свеста кај населението за заштита на шумите од пожари е целта на кампањата која денеска почнаа да ја спроведуваат Противпожарниот сојуз на Република Македонија, Противпожарниот сојуз на Град Скопје, Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, Македонски шуми и Дирекцијата за заштита и спасување.
Во кампањата учествуваат активисти од противпожарните сојузи на Град Скопје и ученици опремени со противпожарни шлемови. На плоштадот Македонија на граѓаните им се делат флаери, а стручни лица даваат совети и препораки како да се заштитат шумите од пожари.
Претседателот на Противпожарниот сојуз на Република Македонија, Никола Николов изјави дека целта на кампањата е да се предупреди населението за претстојната сезона за пожари на отворен простор.
- Треба да се обидеме сите како граѓани да бидеме внимателни да не предизвикаме пожар кога престојуваме надвор од урбаните средини. Во последните неколку години бројот на пожарите се намалува, а однесувањето на луѓето е посоодветно од тој аспект, посочи Николов.
Додаде дека во 99 отсто од случаите причина за пожарите е човечки фактор.

Претседателот на Противпожарниот сојуз на Град Скопје, Никола Бојковски упорача да не се пали отворен оган во шума, да не се палат стрништа, излетниците, туристите и берачите на лековити билки при престојот во шумите да внимаваат да не предизвикаат пожар, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци во шумите...
Ново на Сител
-

Физички напад со ладно оружје и гасен пиштол: Татко и двајца синови осомничени за насилство во Бутел
-

Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
