Мајка по 22 години дознала дека ќерката која ја израснала не е нејзина
Дорис Грунвалд и нејзината мајка Евелин добија отштета од 30.000 евра од болницата во Грац, откако беше откриено дека на Евелин при породувањето случајно и го замениле детето., објави „Сан“.
Работите се разоткриле одкако Дорис отишла да донира крв, при што дознала дека има друга крвна група сосема поразлична од нејзините родители. Потоа направија ДНК тест и дознала дека не е во крвно сродство со родителите.
- Цело тело ми се тресеше, чувствував како да го губам тлото под нозете, изјави Дорис откако дознала дека 22 години ја чувале други родители.
Евелин, пак, изјави дека сето ова е голем шок за неа и нејзината ќерка.
- Но, уште од почетокот знаевме дека нас ништо нема да не раздели и дека ќе останеме мајка и ќерка. Ова дете е најубавата работа која некогаш ми се случила, рече таа.
Дорис се уште не знае кои се нејзините биолошки родители, а Евелин кое е нејзиното биолошко дете.
- Имаше 15 предвреме родени деца од кои и неколку близнаци, така што дел од нив влегуваат во најтесниот избор, изјави Евелин, која предвреме се породила во 1990 година.
Таа додаде дека болницата одбила да и даде попис на имињата поради заштита на приватноста.
- Секогаш кога ќе видам некои кој ми се пријатни, се прашувам дали тоа ми се родителите, тоа прашање секогаш е присутно во мојата глава, рече Дорис, додавајќи дека сешак Евелин е „нејзина мајка и секогаш ќе и биде“.
Кога цела приказна беше обелоденета, неколку жени кои се породиле во исто време кога и Евелин, доброволно биле на ДНК анализа, а како се ќе се заврши ќе дознаме допрва.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот