Свет
9. јуни 2017 - 9:27

Најмалку 17 цивили загинаа во воздушни напади на коалицијата во Рака

Најмалку 17 цивили загинаа синоќа во воздушни напади на коалицијата, предводена од САД во сирискиот град Рака и неговата периферија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права. 

Бројот на загинатите може да се зголеми, со оглед на тоа што има десетици ранети, прецизира директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Коалициајта од арапски и курдски милиции води офанзива за преземање на Рака, бастион на групацијата Исламска држава, со поддршка на силите предводени од САД.